Адел и поранешниот сопруг го делат богатството од 190 милиони долари: Сфатиле дека не можат повеќе

Популарниот пар во април 2019. година објави дека повеќе не се заедно, а пет месеци подоцна Адел поднесе барање за развод.

Популарниот пар во април 2019. година објавил дека повеќе не се заедно, а пет месеци подоцна Адел поднесе барање за развод.

За условите на разводот парот се договорил пред неколку дена, на 15. јануари. Меѓутоа, разводот се уште не е готов, се додека судијата не го потпише. Двајцата потпишале дека би требало да ги поделат 190 милиони долари кои ги стекнале во текот на бракот.

Да се потсетиме, пејачката во врска со Симон влегла во текот на 2011. година, а во октомври 2012 година станаа родители на момчето Анџел Адикнс, кој денес има осум години, а во 2016. година Адел и Симон тајно се венчале.

Адел од објавата за крахот на својата љубов ослабела 45 килограми, а се шпекулирало и дека е во врска со светски познатиот рапер Скепт. Во странските медиуми, вака се зборувало за Адел и Симон кога објавиле дека на нивната љубов и дошол крајот.

-Врската се разви, тие станаа подобри пријатели отколку љубовници. Сфатија дека повеќе нема романтика во нивниот однос. Разочарани се бидејќи не им успеа – наведува извор близок на парот за странските медиуми.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *