Ако мислите дека знаете сè за мачките, овие факти би можеле да ве изненадат

Речиси сите сопственици на мачки сметаат дека знаат апсолутно сè за овие животни. Грижата за нив бара и познавање на нивните рутини и животни навики, но понекогаш се случува да нè изненади некое ново сознание за мачките.

 

Ако мислите дека знаете баш сè за мачките, некои од фактите во продолжение би можеле да ве изненадат.

1. Една студија од 2007 година открила дека домашните мачки потекнуваат од дивите мачки од Блискиот исток.

2. Според некои извори, забележани се повеќе од 50 различни раси на мачки, а можно е да постојат уште повеќе.

3. Мачките преспиваат отприлика две третини од својот живот.

4. Возрасните мачки ретко мјаукаат за да разговараат меѓусебно. Таа навика ја развиле за да разговараат со луѓето.

5. Токму како и луѓето, и мачките можат да бидат левораки и деснораки, а тоа се одредува така што се набљудува која шепа мачката повеќе ја користи.

6. И додека повеќето луѓе ја поврзуваат црната мачка со несреќа, во Јапонија таа се смета за носител на добри вести.

7. Она што за човекот е отпечаток од прст, за мачката е отпечаток – носот.

8. Помеѓу видовите мачки кои научниците ги проучувале, домашните мачки се единствените кои никогаш не заборавиле или простиле нешто.

9. Потните жлезди кај мачките се наоѓаат на нивните шепи и тие знаат да мирисаат, а тоа е една од причините зошто овие домашни миленици толку сакаат да гребат по работите низ домот.

10. Научниците го проучувале мачкиниот мозок и откриле дека и мачките сонуваат како луѓето.

11. Иако за мачките е најдобро секојдневно да пијат свежа вода, тие можат да преживеат и само на месо бидејќи бубрезите многу добро им функционираат. Тие можат да пијат дури и морска вода.

12. Мачките можат, но и не мораат да ја џвакаат храната. Доволно е само да ја проголтаат.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *