Ако планот не ви успее, азбуката има уште 30 букви

Сте зацртале одредена цел, но планот не ви функционира според замислата? Се разочарувате и веднаш се откажувате, без да се сетите дека доколку планот А не ви успее, азбуката има уште 30 букви. Ако и тие не ви се доволни, секогаш може да се потпрете на кинеската азбука, но никогаш не смеете да се откажете. Вашите соништа се тие што ве одржуваат во живот. Доколку ги немате нив и живеете во монотонија, ќе станете мртовец во живот тело, без дух кој талка низ светот, но не живее. Сигурно не го сакате тоа, нели? Затоа, размислувајте надвор од кутијата. Тоа е најновата фраза на 21 век која мора да ја применувате. Започнете веднаш, применувајќи ги овие интересни и необични чекори.

Доколку сакате да решите некој проблем прво набројте ги лошите решенија, правилното ќе се појави само на крајот. Секогаш барајте позитивни работи во негативните исходи, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс. Секогаш гледајте од перспективата и на другите луѓе кон светот. Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат. Секогаш имајте резервен план, бидејќи не секој има почетничка среќа која ќе го крене во облаци со првични позитивни резултати. Бидете смирени, бидејќи секој проблем има решение – ако нема, створете го вие. И за крај, користете го вашиот мозок 100% иако е докажано дека луѓето може да користат само 10% од него. Здружете се со вашата интелегенција и трпение кои на крајот ќе ве доведат до посакуваната цел, само доколку ја играте играта на животот правилно, а тоа е никогаш да не се откажувате од вашите соништа.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *