Ако сте ги изгубиле клучевите од автомобилот, еве како да го отворите за 10 секунди (видео)

Професионалците се во состојба да го отклучат автомобилот без клуч, но и без видливи оштетувања.

И додека на крадците времето им е пресудно, оние за кои отклучувањето на туѓи автомобили им е легална професија, најчесто имаат далеку подобри услови за работа. Времето не е пресудно, видливоста е добра, а не е потребно ниту да се криете. Овде е пресудна стручноста и знаењето, како и професионалниот алат, барем доколку сакате да избегнете дополнителен трошок за поправка.

Видеото прикажува пример за отворање на заклучен Hyundai Elantre. Колку и возилото да биде модерно, секогаш постои начин да се компромитира безбедносниот систем. Во овој случај потребни се знаење, но и алат.

Значи, овој возач на шлеп служба прво надува воздушно перниче за да го зголеми растојанието во вратите и да ослободи пристап до бравата. Еден мал потег беше доволен да го отклучи автомобилот. Алармот се активираше, но со оглед на тоа дека не станува збор за кражба, алармот не вознемири буквално никој.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *