Актерот тврди: За коpоната ми кажаа во 2011. година

Дали светот постепено бил подготвуван за денешното сценарио?

Филмот “Зараза” од 2011. година денес изгледа како пророштво. Филмот го следи појава на нов вирус со необични симптоми, кои брзо се шири. А сега актерот Џуд Ло во интервју за странските медиуми истакна дека вакво нешто, како што е кораната, уште во 2011. година очекувал дека ќе му се случи на човештвото.

“Се знаеше дека тоа ќе се случи”, раскажа Џуд.

Актерот раскажа дека научниците, кои биле присутни во текот на снимањето на филмот, му кажале дека е многу можно дека ситуацијата од филмот ќе се случи и во реалниот живот.

“Одличните научници кои работеа со нас, беа искусни и знаеја што да очекуваат. Ни рекоа дека тоа ќе се случи, само е прашање на време. Како го опишаа тоа, имаше смисла, се се случи точно. Кога дојде 2020. година и кога слушнав што се случува во Кина, она што започна да се случува во целиот свет, за жал, не бев изненаден”, раскажува актерот во интервју за странските медиуми.

Во продолжение можете да го погледнете трејлерот за филмот “Зараза” од 2011 година:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *