Аларм: Ова се сериозни знаци дека ви недостасува ЈОД во телото

Дефицитот на јод во телото може да доведе до разни компликации, а прва на удар е штитната жлезда.

Нашиот организам е како машина, за чија работа е потребно гориво за правилно да функционира.

Еден многу важен елемент од тоа гориво е секако и јодот. Слободно можеме да го наречеме и клучен елемент, со оглед што од него зависи работата на штитната жлезда, но и многу други процеси во телото.

Јодот има четири главни функции во телото и тоа:

-Стабилизација на метаболизмот и телесната тежина
-Развој на мозокот кај децата
-Плодноста
-Оптимизација на имунолошкиот систем (јодот е силно антибактериско, антипаразитно, антивирусно и антикацерогено средство)

Истражувањата потврдиле дека речиси 17 отсто од популацијата пати од недостаток на јод во телото. Факторите кои допринесуваат до намаленото ниво на јод можат да бидат:

-Исхрана која не вклучува доволен внес на морски плодови
-Веганска и вегетаријанска диета
-Намалување на внесот на јодирана сол

Пред повеќе од 100 години, јодот покажал дека отстранува и спречува струма (отекување на штитната жлезда) и помага кај хипотиреоза. Но, сега сфаќаме дека влијанието на јодот е многу пошироко, затоа е неопходно во телото да се обезбеди доволна количина.

Ова се само некои од симптомите кои можат да покажуваат дека во телото недостасува јод:

Чувствувате замор

Истражувањата покажале дека личностите кои имаат дефицит на јод, чувствуваат константен умор и исцрпеност.

Имате проблеми со килажата

Доколку добивате на килажа, а да притоа не сте ја промениле значајно вашата исхрана, причината може да биде недостаток на јод во телото.

Кожата станува сува, а косата опаѓа

Јодот го контролира и тоа колку нашата кожа е хидрирана, па сувата кожа е најчесто прв симптом кој укажува на недостаток на јод.

Освен тоа, јодот го регулира и квалитетот на фоликулата на косата, а поради недостаток на јод, таа започнува да опаѓа.

Чувствителни сте на ладни температури

Овој симптом исто така може да се поврзе со недостатокот на јод. Имено, недостатокот на јод влијае на спориот метаболизам, што значи дека нашиот организам произведува помалку енергија, а со самото тоа нема доволна количина на енергија со која ние би се загреале.

Послабо памтење

Може да дојде до послабо памтење, заборавеност и потешкотии со учењето.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *