Американските медицински експерти со важни вести за сите оние кои прележале коpона

Американските медицински експерти предупредуваат: Личностите кои стекнале имунитет на корона, треба и понатаму да носат маски.

Носењето на маска е здрав начин на однесување, посебно сега.

Како што бројот на заразени со ковид расте, така расте и бројот на лица кои се опоравиле од болеста која овој вирус ја предизвикува.

Меѓутоа, пациентите кои се опоравуваат од ководи-19 можеби нема веднаш да се чувствуваат целосно здраво. Нуспојавите можат да потраат, а медицинските експерти изразија загриженост поради долгорочните оштетувања, посебно белите дробови и срцето.

Исто така, иако пациентите веројатно ќе бидат имуни барем некое време после опоравувањето, постои загриженост поради повторна инфекција, што значи дека луѓето кои овој вирус веќе го имале и понатаму треба да носат маски, да почитуваат физичка дистанца и други пропишани епидемиолошки мерки, како често миење на раце и избегнување на допири по лицето.

Доктор Патрик Качур, професор на “Mail Columbia School of Public Health” во Њујорк, истакна дека е забележан мал број случаеви кај луѓе кои по втор пат се заразени со ковид-19.

“Се уште не знаеме колку тие би можеле да бидат заразни”, изјавил тој.

Доктор Колин Крафт од болница во Атланта, изјавила дека некои случаеви укажуваат на тоа дека луѓето кои по втор пат ќе заболат, би можеле да имаат послаби симптоми.

“Не знаеме, но мислиме дека, кога повторно ќе се заразите, веројатно симптомите ќе бидат полесни бидејќи вашиот имунолошки систем веќе еднаш се изборил со оваа болест”, изјавил докторот.

Меѓутоа, тоа не мора секогаш да биде случај, можат во прашање да бидат и потешки облици. И доктор Качур и доктор Крафт изјавиле дека е важно да се продолжи со носењето маски, посебно затоа што вирусот и понатаму се шири со голема брзина.

Освен намалување на можноста за повторна инфекција со ковид-19, носењето маски исто така ќе ви помогне да ги заштите и луѓето околу себе од други вируси.

“Можеби во себе носите нешто друго освен ковид-19, па е добро што оваа година само ќе се обидете да го намалите преносот на респираторни вируси”, смета доктор Крафт и додава, “Респираторните капки се пренесуваат на различни работи, така што само носењето маска е здрав начин на однесување, посебно сега”.

Доктор Качур се согласил дека носењето маски и после прележан ковид-19 може да го спречи ширењето на други вируси, што може да биде важно, посебно додека лекарите се обидуваат да разберат повеќе за долгорочните ефекти на ковид-19 на комплетниот човечки организам.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *