Американски војник: “Никој не ви кажува, но ние заробивме и вршевме истражувања врз вонземјани”

Поранешен американски војник, како што пренесуваат британските медиуми, одлучил после десетици години молчење да проговори за случувањата во пустината во Ново Мексико во 1971-ва година.

Тој открил дека заедно со уште 500 американски војници забележал НЛО во близина на Розвел, местото на кое што пред 24 години бил забележан најпознатиот случај на НЛО во светот. Неименуваниот војник за британските медиуми рекол дека тоа што го видел во тие пет часа, ќе го прогонува целиот негов живот.

Како што пренесува “Express”, војникот во 1971-ва година бил стациониран во Форт Билс во Тексас кога ги испратиле на „воени маневри“ во пустината Ново Мексико, западно од сега веќе светски познатиот Розвел. За време на ноќните маневри, неименуваниот војник заедно со останатите војници забележал два неидентификувани летечки објекти.

„Првиот го воочивме како се приближува од северот и тогаш застана. Вториот објект ни се приближи од запад. Во следните пет часа, летечките објекти летаа на небото над пустината“, открил војникот кој додал дека објектите биле во кружен облик, но не можел да ја одреди големината поради висината на која што летале.

Следниот ден, како што додава тој, се нашол заедно на ручек со останатите војници и сите зборувале за НЛО-то, но тој вели дека не знае, зошто никој од нив досега не излегол во јавност.

Розвел се најде во центарот на вниманието на светската јавност во 1947-ма година кога недалеку од градот паднал непознат објект и тогаш повторно се појавија шпекулации за НЛО. Дури се споменувало дека била извршена и обдукција на телата кој биле пронајдени во леталото, а американската влада вешто го сокрила целиот случај.

Во 1947-ма година, воени лица издадоа соопштение за јавноста во кое наведоа дека „бројните гласини за летачките објекти се вистинити“ затоа што на припадниците на воените единици во Розвел „им се посреќило да откријат летечка чинија“. Сепак, само 24 часа после ова соопштение, објавено било дека чинијата всушност била метеоролошки балон.

После информацијата за метеоролошкиот балон, целата „приказна“ за вонземјаните стивнала. Подоцна се појави и видео снимка од аутопсијата која во деведестите години ја претстави Реј Сантили. Подоцна беше утврдено дека снимката е лажна, а Реј тврдеше дека видеото го направил по примерот на снимката од аутопсијата која што ја гледал и која што навистина постои.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *