Анастасија од Белград има 17 години и околу 40 тетоважи “Ми велат дека сум наказа”

Иако тетоважите се наголемо составен дел од сите генерации и да имаш тетоважа во 21. век е нормална работа, луѓето кои го сакаат тетовирањето и таквиот начин на изразување, па и доколку нивните тетоважи се на впечатливо место, се среќаваат со бројни предрасуди.

Со поединечни предрасуди се среќава и Анастасија. Таа има само 17 години и веќе успеала да го украси своето тело со речиси 40 тетоважи.

Првата тетоважа ја направила самата, со помош на игла и мастило кога имала само 13 години.

“Родителите не ми дозволуваа па јас самата ја направив”, раскажува Анастасија.

Анастасија започнала да гради кариера како мајстор за тетоважи, но и понатаму се среќава со лоши коментари од околината.

Анастасија пред тетоважите, Foto: Printskrin/TV Prva

Наведува дека и зборувале дека е “наказа” и дека слушала дека нејзиниот изглед е ужасен, но и дека тие коментари ја болеле само на почетокот. Сега тврди дека станала отпорна на нив.

“Генерално, тоа не треба да се осудува, бидејќи нема потреба. Секој има право да изгледа како сака, тоа е личен избор, кој никој не го загрозува”, заклучува Анастасија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *