Ана успеала да го запознае совршениот маж, и рекол дека ќе ја “собере” со своето Ламборџини, а потоа останала без денар

Ана Рајан (21) од Бердфордшир во Велика Британија вели дека уште на 18 годишна возраст и било доста од незрели момчиња од нејзината генерација.

“Сакав постар маж кој ќе знае како треба да се третира жена – се присетува Ана за британските медиуми. Таа вели, дека отсекогаш сонувала за тоа да ја посети Австралија и веќе од 18. години, започнала интензивно да штеди за да го оствари својот сон.”

“Го чував секое пени кое го заработував и размислував за тоа колку би било убаво да најдам некој ситуиран маж кој би ме разгалил додека штедам. Зборував за тоа со другарка, а таа ми покажа сајт за запознавање со успешни мажи”, раскажува оваа девојка.

Како што вели, после кратко размислување, направила профил на апликацијата, навела и дека бара спонзор, а потоа чекала.

Не поминало премногу време, а пристигнала порака од извесен Џејмс Валш.

“Прво започнав да му го проверувам профилот – пишуваше дека работи на берза, дека заработува преку 50 милиони фунти годишно, дека има стан во Челзи каде што живее, но и деловни простори во Дубаи и Единбург. Тој напишал дека нема време за класична врска и запознавање, и дека сака жена која за него би претставувала трофеј.

Започнавме да се допишуваме и наскоро разменивме телефонски броеви”, вели Ана.

Наредните седум месеци поминале така што со часови се допишувале и слушале, а тој редовно и праќал слики на кои го прикажувал неговиот луксузен живот, а потоа паднал договор да се сретнат во живо.

-Бев малку изненадена кога Џејмс ме праша да го соберам со мојот автомобил на железничка станица. Мислев дека ќе дојде во своето ламборџини, па малку се разочарав кога ми рече дека одлучил да дојде со воз. Сепак, тоа не ме предомисли во намерата. Состанокот беше прекрасен, иако тој често беше на телефон со клиенти. Го плати нашиот ручек во кеш и додека тој плаќаше го забележав неговиот Ролекс часовник. Го испратив до железничката станица уверена дека сум заљубена. Закажавме втор состанок за следниот викенд – раскажува оваа девојка.

Следниот состанок беше вечера на која и соопштил дека се заљубува во неа. Ана вели дека не можела да поверува во својата среќа.

Меѓутоа, кога и да се виделе, нешто се случувало со неговото ламборџини, па Ана морала да го вози со својот автомобил.

После еден состанок, го повикала кај себе.

-Моите родители не се дома за викендот, штета е тоа да не го искористиме – му рекла Ана. Тој таа вечер и рекол дека смета дека таа е негова девојка, планирал нејзино преселување во неговата вила и и ветувал луксузен живот. Имал само еден проблем – казна која морало да ја плати.

Како што и објаснил, некој од неговите вработени направил проблем на работа поради што тој ќе мора да плати казна од 5.000 фунти.

Меѓутоа, сметките на неговата фирма биле замрзнати од страна на банката. Тогаш тој како на шала и рекол дека ова може да е последниот пат да го види, бидејќи може да заврши во затвор поради ова.

-Бев во шок, но тој ми рече да не се грижам, дека тоа некако ќе го среди – вели Ана. Утредента, Џејмс повторно ја започнал приказната за казната.

Ана вели, дека брзала за на работа, па ништо не искоментирала, на што тој побеснел и ја зграбил за раката, па и рекол дека итно му требаат пари. Отмениот речник на господинот од Челзи исчезнал и се јавил речникот на необразован човек од Манчестер. Започнал да и кажува дека е себина и дека бара да му даде пари иначе би се фрлел по скалите.

-Плачев и му објаснував дека немам толку пари, а тој ми ги украде сите картици и ја повика банката. Побара да одговорам на безбедносните прашања и морав да го направам тоа за да не ме повреди. После тоа, го однесов на станицата. Замина без збор. Кога пристигнав на работа, ја проверив состојбата на сметката – останав без денар. Џејмс подоцна ми праќање пораки и ми се извинуваше, ветувајќи дека ќе ми ги врати сите пари.

Ме повика на вечера, рече дека ќе ме собере во своето ферари, но ништо не му верував повеќе. Го проверив неговиот број на телефонот и се испостави дека тој воопшто не е Џејмс Валш, туку преварант по име Дејвид Овертон од Манчестер кој измамил многу наивни девојки на истата финта.

Утредента собрав храброст и и раскажав се на мајка ми, која го пријави случајот во полиција и Дејвид е уапсен. Сведочев против него и во февруари 2017 година е осуден за измама. Казната затвор која ја доби изнесуваше 15 месеци.

Никогаш не ги добив парите назад, но мило ми е што е казнет за тоа што ми го направи – заклучила Ана, додавајќи дека после тоа се откажала од својот сон да биде спонзоруша, пишува српски Курир.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *