Анџелина го продаде поклонот од Бред Пит по рекордна цена (ФОТО)

Пејсажот од Мароко на Винстон Черчил кој бил во посед на Анџелина Џоли, е продаден на аукција за повеќе од 11,5 милиони долари, што е нова рекордна цена за сликата на британскиот премиер од времето на ВС2.

Сликата “Кулата на џамијата Кутуби” е продадена во лондонската аукциска куќа Кристи за 8.285.000 фунти или 11.590.715 долари, иако нејзината вредност пред аукцијата е проценета на 1,5 до 2,5 мииони фунти.

Претходно, рекордната цена за едно део на Черчил била нешто помала од 1,8 милиони фунти.

Сликата од џамијата во Маракеш од 12. век во сутон, со Атласките планини во позадина, е дело кое ја отсликува и политичката и холивудската историја.

Единствената слика која Черчил за завршил за време на ВС2 настанала после конференцијата во Казабланка на 23. јануари 1943 година, на која со тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт, го планирале поразот на Германија.

Двајцата лидери после конференцијата го посетиле Маракеш, а Черчил сликата му ја поклонил на Рузвелт како успомен на тоа патување.

Синот на Рузвелт, после неговата см.рт во 1945. година ја продал сликата, а таа променила неколку сопственици пред да биде купена од Анџелина и Бред Пит во 2011. година.

Парот се разделил во 2016 година, а разводот бил завршен во 2019 година. Сликата е продадена од семејната колекција на Џоли, а купувачот не е познат.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *