Археолог пронашол тајна гробница, а потоа на него како да била фрлена клетва

Започнале да му се случуваат чудни работи во животот.

Египјанин кој открил една тајна гробница во пирамидите на високо рангираниот свештеник познат како Вахтје, тврди дека тоа откритие му го променило животот.

Гробницата на свештеникот не била допрена повеќе од 4.400 години и е откриена во Сакари, големо археолошко наоѓалиште. Свештеникот имал висок ранг за време на владеењето на фараонот Нефериркаре Какаи од петата династија.

Хамад Шехат Ахмед Мансур, Епигјанин кој им помагал на археолозите во истражувањето на оваа гробница, сведочел за своето искуство во документарниот филм “Тајните гробници во Сакара” кој неодамна е емитуван и на Нетфликс.

Мансур во пирамидата открил гробница во која биле погребани мумии на мачки, како и поклон на богиања Бастет, која е прикажувана со глава на мачка. Богињата Бастет, помеѓу останатото, била и заштитничка на трудниците и раѓањата, но и богиња која штити од заразни болести и злобни духови.

Египјанинот сведочи дека после ископувањата на таа археолошка локација, доживеал необично искуство – неговите мачки започнале да се однесуваат чудно.

“Откако започнав со ископувањата во гробницата во која се наоѓаа мумии на мачки, кога мачките ќе ме видат дома, бегаат од мене. Се плашат. Не се однесуваат како порано кон мени, како домашни миленици. Кога ќе се случи тоа, им велам ‘во право сте, јас вашите предци ги ископав од земја и ги спакував во магацин’. Можеби мислат дека истото ќе им го направам и ним”, раскажува Мансур.

Мачките во стариот Египет се сметале за магични суштества кој носат изобилство од среќа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *