Археолозите во Кина пронајдоа златна маска стара 3.000 години (ВИДЕО)

Артефактот бил еден од 500 реликвии од бронзената доба проанјдени на археолошкото наоѓалиште Сансингдуи.

Свечената златна маска стара 3.000 години стана неочекувана сензација на социјалните мрежи во Кина, после неодамнешното откритие во провинцијата Сечуан.

Аретфактот бил еден од 500 реликвии од бронзениот период пронајдени на археолошкото наоѓалиште Сансингдуи, јавува ББЦ.

Експертите наведуваат дека откритието би можело да овозможи увид во древната држава Шу, која владеела на тоа подрачје 316 години пред нашата ера.

Чим е објавено најновото откритие во саботата, корисниците на платформата Веибо започнале да прават слики кои ја надокнадуваат маската на лице на личности од поп културата, пренесуваат странските медиуми.

Хаштагот “Натпреварување за уредување фотографија на златната маска од Сансингдуи” е прегледан речиси четири милиони пати.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *