Астрономите ја открија најдеталната мапа досега, со речиси две милијарди ѕвезди

Високо прецизната мапа беше снимена од телескопот Gaia на European Space Agency, лебдејќи околу милион милји од Земјата, ни ги открива местата, движењата, светлината и бојата на билиони наши соседни сонца.

Податоците можат да откријат некои од најдлабоките тајни на Млечниот пат, астрономите кои се собраа, кажаа дека може да открие и од каде доаѓа и каде би можел да оди.

Dr. Floor van Leeuwen од Универзитетот Кембриџ, кој го водеше истражувањето рече: „ Gaia ги мери растојанијата на милиони објекти кои се многу илјади светлосни години подалеку, има точен еквивалент кој може да ја измери густината на косата на растојание поголемо од 2000 километри.

Овие податоци се еден од столбовите на астрофизиката,кои ни дозволуваат форензички да го проучуваме нашето ѕвездено соседство и да се зафатиме со битни прашања за потеклото и иднината на нашата Галаксија.“

Лансирана во 2013 година, Gaia работи во таканаречената точка Lagrange 2 (L2) кое е едно гравитационо стабилно место помеѓу Сонцето и Земјата.

Досега, овој галаксички геодет ги измери локациите и светлината на речиси две билиони ѕвезди, опширно со нивни магнитуди и бои.

Gaia податоците истотака ќе им дозволат на астрономите да ја измерат масата на Млечниот пат, анализиразјќи ја „нежната“ акцелерација на соларниот систем кој орбитира околу галаксијата.

Замислено е дека повеќе од една година Сонцето забрзува кон центарот на Галаксијата околу 7мм во секунда, додека орбитира со брзина околу 124 милји (200км) во секунда.

Астрономите ќе бидат способни да ги деконструираат двете најголеми придружнички на Млечниот пат- Малите и Големите Магелански Облаци- употребувајќи ги податоците собрани од сателитот Gaia.

Двете галаксии се поврзани со мост од ѕвезди за кои се мисли дека се 75000 светлосни години долги.

Dr. Caroline Harper, директор на вселенската наука во UK Space Agency, кои обезбедија финансирање за истражувањето, рече

„Илијадници години, бевме преокупирани со забележување и детализирање на ѕвездите и нивните прецизни локации, како што тие го проширија разбирањето на човештвото за нашиот космос.

Gaia во последните седум години гледаше во небото, мапирајќи ги позициите и брзините на ѕвездите.

„Благодарение на нејзините телескопи ние го имаме во наша сопственост најдеталниот billion-star 3D атлас.“

Новите податоци исто така ќе вклучат „исклучително точни“ мерки за 300.000 ѕвезди кои се релативно блиски до Сонцето во растојание од 326 светлосни години.

Истражувачите се стремат да ја употребат информацијата за да научат повеќе за судбината на Млечниот пат, предвидувајќи како галаксијата ќе се измени во следните 1,6 милиони години.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *