„Барем гледаме што дишеме“ – Скопје руши рекорди на загаденост во светот

Деновиве Скопје покрај што е магловито што не е ништо невообичаено, исто така е и загадено, особено навечер и наутро, па Бомбакис, дечкото кој стана познат по написите на картони, се инспирираше од тоа.

На картон тој напиша: „Барем гледаме што дишеме“ и позираше со гас маска. Во описот додаде: „А, тоа не е кислород…“

Поради маглата и ПМ 10 честитчките, Водно веќе неколку дена како да не е дел од Скопје, па наместо есенските бои на планината, познатото сивило и смогот се единствената глетка за скопјани.

Градоначалникот Шилегов очекува трајно решение на проблемот преку три компоненети – инспекции, нов јавен превоз и помлаку оџаци, кои тврди дека годинава се намалени за 5.000..

-Едната е инспекцискиот надзор за кој верувам ќе се согласите дека е една од најактивните институции од тој вид и карактер во државата, втората е на самиот крај, а тоа е решавање на јавниот транспорт со кој ќе ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилот. И третата за мене клучна е организираното затоплување на домовите во која имавме сериозна интервенција оваа сезона, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Од УХМР објаснуваат дека во моментов Скопје има магла и т.н ниска облачност, но дека без загадениот воздух сликата ќе биде сосем различна.

-Доколку нема честички на загадувачки материи нема да има толку кондензациони јадра во атмосферата, на кои што ќе имаме кондензација на водената пареа и стварање на магла. , изјавија од УХМР.

Загадениот воздух е еден од главните сојузници и на коронавирусот, бидејќи, според експертите, тој се лепи за честичките и може подолго да остане да лебди.. Тоа беше и главниот аргумент за воведувањето на задолжително носење на маски на отворено..

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *