Бајден најави дека сите луѓе мора да бидат ваkцинирани: 90% од возрасните во САД, ќе се имунизираат до 19. април

Бајден ги предупреди граѓаните да ги зголемат мерките на претпазливост.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека 90 отсто од возрасните граѓани на САД ќе можат да бидат имунизирани до 19. април.

-Планот на нашиот тим е да пунктот за имунизација не биде подалеку од пет милји (осум километри) од ниту еден возрасен граѓанин во САД. Преостантите 10 отсто ќе бидат имунизирани до 1. мај – изјавил Бајден во текот на обраќањето до медиумите од Белата куќа.

Според неговите зборови – во текот на претходниот викенд граѓаните примиле десет милиони ваkцини против ковид-19.

-Владата покрена широка национална програма за имунизација. Активирани се голем број доброволци. За помалку од 60 дена дадени се 100 милиони ваkцини. Сега, за четиринаесет дена, ќе се обидеме да дадеме уште стотина милиони. Не постои ништо што не можеме да го оствариме доколку работиме заедно – порача американскиот претседател.

Освен тоа – Бајден ги предупреди граѓаните да ги зголемат мерките на претпазливост.

-Јас сум сериозен кога велам дека сме на половина пат. Не е време да се опуштиме. Доколку го спуштиме гардот може да стане полошо. Новите соеви од вирусот влијаат на растот на бројот на нови случаеви. Луѓето се помалку внимателни и тоа не е добро.

Потребно е да секој од нас ја направи својата работа. Бидејќи ние сме понатаму во клинч со вирусот – истакнал претседателот на САД.

Американските власти апелираа до граѓаните во понеделникот да ги превземат мерките за претпазливост за ширење на ковид-19 поради растот на бројот на заразени ширум земјата.

Директорката на Центарот за превенција и контрола на болести Рошел Валенски побарала од властите и другите да предупредат на сериозноста на ситуацијата за да се спречи четврти бран од заразата со ковид-19.

-Одново имам чувство дека сме на прагот на катастpофата. Сега сум уплашена – изјавила таа на конференција за новинарите.

Властите како причина за новиот раст го навеле отворањето на економијата во сојузните држави и прераното ублажување на рестрикциите, со зголемување на бројот на патници.

Кампањата за имунизација се интензивира ширум САД, но во поединечни делови од земјата се укинати мерките за сузбивање на пандемијата, вклучително и задолжителното носење маски.

-Издржете. Ова ќе биде трка помеѓу имунизација и она што се случува кога станува збор за динамиката на пандемијата. Можеме да победиме, доколку бидеме уште малку пострпливи – изјавил водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи.

Властите и понатаму препорауваат да се избегнуваат патувања кои не се неопхдони и ги охрабруваат граѓаните да продолжат да носат маски и да држат социјална дистанца за да се спречи ширењето на вируси и негови опасни варијанти.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *