Бајден си ја отвори душата за состанокот со Тито: Вилата беше скромна за неговата плата, но тој беше гениј

Бајден исклучиво пофално пишува за политиката на Тито, додека сметал дека состојбата во Југославија е многу подобра отколку во другите земји.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, тогаш сенатор на државата Делавер, се состанал со Тито во Сплит во 1979 година, после погребот на Едвард Кардељ во 1979 година, на кој бил како член на американската делегација.

Во своите мемори под името “Promises to Keep” со нескриени симпатии зборува за југословенскиот маршал, додека за Југославија зборува само најпофални зборови.

“Од 1945 до 1980 година, Јосип Броз Тито владеел со Југославија преку својот карактер, одлучност и ефикасна тајна полиција. Итриот старец одржал заедно етнички и религиски измешана федерација”, објаснува Бајден за американските читатели.

“Беше потребен одреден гениј за да се одржи таа мултиетничка федерација заедно. И тој одреден гениј беше Тито” тврдел Бајден.
Демократскиот преседателски кандидат во 1979 година бил член на американската делегација на погребот на водечкиот словенски комунист Едвард Кардеља, кој во мемоарите го нарекува “Интелктуалниот ментор на Тито”.

Заедно со Аверел Хариман и американски амбасадор во Југославија (иден државен секретар), се сретнале со Тито во неговата сплитска вила, иако Тито првобитно ја одбил средбата за да не ја навреди другата страна, односно Москва.

Бајден исклучиво пофално пишува за неутралната политика на Тито, додека сметал како состојбата во Југославија се менува на подобро во споредба со останатите комунистички земји.

“Веќе започна да ми се допаѓа Југославија, не била она што очекував. Очекував комунистичко сивило и досада”, пишува Бајден и објаснува дека Загреб и Сплит, кои тогаш ги посетил, воопшто не биле такви.

“Загреб беше сјаен и чист со градби од хасбуршката ера”, а луѓето “возеа пристојни автомобили и носеа облека со вистински бои”, пишуваше Бајден. За Сплит Бајден исто така афирмативно говорел. Таму “добил поим дека на луѓето им е добро”, а како и во Загреб, исто така возеле пристојни автомобили.

“Постоеше чувство кое не сте го имале во другите земји позади железните завеси”, објаснува Бајден.

Престојот во Југославија, тогаш 37 годишниот сенатор, заклучил дека комунизмот не е “голем монолит кој е ист во секоја земја”.

“Постоел простор за лично изразување во Сплит, постоела отвореност и капитализам во внатрешноста на системот. Луѓето воделе ресторани и трговски центри како приватни претпријатија”, наведува Бајден.

Сплитската вила на Тито ја опишал како “скромно место за платата на лидерот”, која, да се наоѓа на езерото во Мериленд, би вредела околу 2 милиони долари.

Со Тито биле Бајден, Иглбургер и Хариман, разговарале за односите на Југославија и Советскиот Сојуз, а Бајден добил впечаток дека Тито го мрази Сталин.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *