Бизарен моден хит – „Гучи“ распродаде скинати хулахопки, а од цената ќе ве заболи главата

Сите се мачиме со искинати чорапи и ги влечеме здолништата за да не се гледаат дупките. Поскапите се обидуваме да ги спасиме со лак за нокти, но порано или подоцна тие завршуваат во контејнер.

Па, познатата модна куќа Gucci ги извади баш тие искинатите и се обидува да ги направи тренд.

После машкиот фустан за 2.200 евра и фармерките со дамки од трева за 700 евра, компанијата Gucci се чини дека продолжува да се задева со модниот свет – сега пушти во продажба темни најлонски чорапи, искинати на колената и на задната страна.

Чорапите што се најдоа во новата колекција, можеби потсетуваат на модата од осумдесеттите и панкерите кои носеа искинати мрежести чорапи, но за повеќето ќе изгледаат како потсетник на многу баксузен ден.

Добро, веројатно овде не би ви бил потребен лак за нокти, а можеби и материјалот е подобар од вашите стари хулахопки, но дали би ги носеле некогаш?

Пред да одговорите, да ви ја кажеме цената. Имено, Gucci бара 190 долари за овој нов моден хит, што е нешто повеќе од 160 евра. Замислете колку пара хулахопки можете да купите за тие пари и да ги кинете колку ви душа сака!

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *