Бил гениј, си пресудил со ловечка пушка и ја напишал најкратката и најтажната приказна

Славниот американски писател Ернест Хемингвеј извршил самоубиство пред 57 години. Тој зел ловечка пушка и решил да го напушти овој свет кога почувствувал дека здравјето му попушта и му оневозможува да живее живот каков што тој посакувал.

Хемингвеј добил Пулицерова награда во 1952 година за романот “Старецот и морето”, како и Нобелова награда за книжевност во 1954 година. Денешните генерации посебно го паметат по тој роман и по делата “Снеговите на Килиманџаро” и “За кого бијат камбаните”, но многумина не знаат дека тој е автор на најкратката приказна на светот.

Приказната вели дека тогаш, уште како млад и неафирмиран писател, Ернест во една прилика бил во друштво на поголем број писатели кои расправале за “идеалниот обем” на добрите приказни и романи.

Младиот Ернест ги запрепастил своите колеги тврдејќи дека едно вредно дело може да произлезе од само 6 зборови. Бидејќи останатите не верувале дека може да се напише таква приказна која истовремено би имала смисла и би вредела, тие се обложиле – доколку Хемингвеј успее во тоа, секој од присутните ќе му даде по 10 долари.

Ернест земал салфета од масата, напишал 6 зборови и му ја подал на колегата до него. Тој ја прочитал приказната и без да изусти збор, ја подал на личноста до себе. Така, салфетата прошла низ рацете на сите присутни.

Во тишина, секој писател извадил 10 долари од паричникот и му ги подал на Хемингвеј.

На салфетата пишувало:

“На продажба: Бебешки чевли. Никогаш носени”.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *