Бил Гејтс ги искара: Ова со маскиве е неверојатно чудно за мене, што сте вие?

„Самата идеја некои луѓе да одбиваат да носат маска е неверојатно чудна за мене. Што се тие, некои нудисти?“

Еден од основачите на компанијата „Microsoft “ Бил Гејтс во еден поткаст зборуваше за моменталната ситуација во светот. Како гостин кај Рашид Џоунс го спореди носењето маска со носењето на панталони. Како што нагласи, првите препораки поврзани со коpоната биле исти како и со останатите респираторни болести, но излезе дека Ковид 19 е многу поопасен.

На места каде што се маските задолжителни, бројот на заразени опаѓа, па според тоа според едно истражување носењето маски до март 2021 година би спречило смрт на 63 000 Американци.

Сепак, многу граѓани на САД одбивањето на носење маска го претворија во политичка изјава против науката и гест на независен избор смета Гејтс, објаснувајќи како не може да ги разбере таквите луѓе, пренесува Т портал.

„Самата идеја некои луѓе да одбиваат да носат маска е неверојатно чудна за мене. Што се тие, некои нудисти?“ Ние исто така ги замолуваме луѓето да носат панталони и не се жалат од тоа. „Ако сакате животот да се врати во нормала, носете маска или не носете маска, туку останете дома“, рече милијардерот.

Гејтс исто така го изрази своето мислење зошто маските не се сметаа за важни во претходните фази на пандемијата. Како што објасни, научниците ги засновале своите совети на она што го знаат за респираторните вируси како што се настинки и грип.

„За разлика од пренесувањето преку кашлање, вирусот Ковид 19 може да го фатите во разговор со друго лице. Ако, на пример, некој со настинка помине еден час во соба со здрави луѓе, повеќето ќе останат здрави. Во случај на Ковид 19 скоро сите би биле заразени “, рече тој.

Друг клучен фактор кај Ковид 19 според Гејтс, е можноста за ширење во асимптоматски случаи. Според него, експертите заклучиле дека „домашните“ маски за платно, особено оние со три слоја, спречуваат ширење на инфекцијата.

„Во раните фази се сметаше дека само N95 или медицински маски помагаат, па затоа тие беа чувани за здравствените работници. Сега е целосно јасно дека носењето маски има огромно влијание. Има дијаграм што покажува кои маски се најефикасни во различни ситуации “, додаде тој.

Author: A S

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *