Бил Гејтс го доживеа најголемиот пораз во 2020 година, сфати дека сепак не бил во право

Сопственикот на компанијата Тесла Моторс и Спејс Икс, Илон Маск, го престигна основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, на листата на Блубмерг и стана вториот најбогат човек на светот.

Откако пораснаа цените на акциите на компанијата Тесла, нето вредноста на богатството на Илон Маск порасна на 128 милијарди, што е доволно да во овој момент биде вториот најбогат човек на светот. Гејтс сега падна на третото место на листата.

Маск на почетокот на годината на оваа листа го заземаше 35. место, но во меѓувреме поради бројни успешни проекти, вредноста на неговото богатство порасна за 100,3 милијарди долари, што претставува рекорд кога е во прашање порастот на вредноста во една година.

Со овој раст Маск на листата го престигна Гејтс, што секако претставува дополнителна сатисфакција за Маск и пораз за Гејтс, со оглед на тоа што неколку пати имаа несогласувања.

Првата расправа на Маск и Гејтс се однесуваше на електричните автомобили и Маск тогаш му порача на Гејтс дека за нив тој воопшто нема појма, а се кулминираше во текот на пандемијата бидејќи милијардери имаат различни ставови кога станува збор за односот спрема ковид-19.

На листата на најбогати луѓе според Блумберг и понатаму води основачот на Амазон Џеф Безос. Покрај Безос, Маск и Гејтс, во врвот на листата на милијардери се наоѓаат Бернар Арно и Марк Цукерберг.

Ова е втор пат во осумгодишната историја на индексот на Блубмерг, Гејтс, основачот на Мајкрософт, да заземе пониско место од некој друг. Тој со години ја држеше првата позиција како најбогат човек на светот, пред титулата најбогат човек на светот да ја превземе основачот на Амазон, Џеф Безос во 2017 година.

Нето богатството на Гејтс, во износ од 127,7 милијарди долари, би било многу поголема доколку со години не донираше огромни доларски суми во добротворни цели. Само добротворната фондација која го носи неговото име, Гејтс од 2006 година дал повеќе од 27 милијарди долари, споменува Блумберг.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *