Бил Гејтс има неверојатни планови за иднината на светот, токму поради тоа и купил огромно земјиште

Како и кај многу луѓе, мислењето на Бил Гејтс за нукле.арните електрани беше под влијание а настани кои се случија во минатата, како несреќата во Чернобил.

Меѓутоа, Гејтс бил заинтересиран и за потенцијалот на оваа енергија како облик на чиста енергија.

Откако читал статија за новата генерација на нуклеарни реактори кои се направени така да спречат слични несреќи, Гејтс во 2008 година ја основал компанијата “Tera Power” за да ги искористи бенефициите од ваквите иновации.

Забраната од американската влада да низ својата програма ARDP (Advanced Reactor Demonstration Program) демонстрира одржливост на нуклеарната енергија, “Tera Power” има за цел да изгради елосно функционално напреден нуклеарен реактор во рок од седум години од наградата” наведува Канцеларијата за нуклеарна енергија при американскиот Департмен за енергија.

“Ја замислуваме мрежата до 2050 години, како се напоува со многу значајна енергија добиена од ветерот и соларна енергија, но дополнета со нукле.арните реактори на “Tera Power” изјавил претседателот и генерален директор на компанијата Крис Левеск.

Левеск предвидува дека “Tera Power” ќе може да им помогне на САД да станат доминантна сила кога е во прашање нуклеа.рната енергија.

“Како што другите земји ќе вршат транзиција од своите енергетски мрежи, САД уште еднаш ќе извезува реактори кои ќе постават стандарди за целиот свет, како што правевме и со денешниве, конвенционални реактори” изјавил Левск.

Можноста на “Tera Power” да ги достигне наведените цели од многу работи ќе зависи од голема количина на пари и влијанието на нејзиниот основач.

“Најважниот фактор е тоа што Бил Гејтс стои позади ова” изјавил главниот научен истражувач на Институтот за Технолошки департмент за нуклеарна наука и инжинеринг, Чарлс Форсберг.

“Најважните фактори во развојот на новиот реактор се парите и стручните луѓе. Бил Гејтс може да ни ги донесе двете”.

Овие напредни, натриумски реактори би подразбирале побезбеден систем за ладење, складирање на енергија како батерии, помали трошоци за изградба и помалку отпад.

Сепак, мислењата кога е во прашање нуклеарната енергија и понатаму се разидуваат. Додека едни сметаат дека таа е одличен избор, другата страна тврди дека не е најдобро решение.

Да се потсетиме, Бил Гејтс купил речиси 100.000 хектари обработлива земја во дури 18 сојузни држави, а пресметано во квадратни километри, станува збор за илјада квадратни километри.

Со неодамнешното купување, тој стана новиот најголем приватен сопственик на земјоделски земјишта во Америка.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *