Бил Гејтс има одговор на прашање кога ќе заврши пандемијата со коpона

Бил Гејтс откри што би можело да ја сопре оваа пандемија, која според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, заразила 110,7 милиони ширум светот и оставила 2,4 милиони изгубени животи. Зборувајќи на виртуелната минхенска конференција за безбедност, коосновачот на Мајкрософт ја повика меѓународната заедница да вложува во фабрики за ваkцини.

Коосновачот на Мајкрософт бил на чело на глобалната кампања за искоренување на заразни болести. Неговата хуманитарна фондација донирала 1,8 милијарди долари за истражување на SARS-KoV-2, како и за развој и дистрибуција на ваkцини ширум светот.

Според Гејтс, неколку милијарди долари би им овозможило на здравствените експерти да работат на универзални ваkцини против вирусите и грипот, лекови кои би спречиле пренос на болести, како и на дијагностика која по ниски цени би можела да покрие 20 отсто од светската популација секоја недела.

“Можеме да создадеме фабрики за mRNK ваkцини кои имаат голем капацитет на глобално ниво, а тие фабрики можат да се користат и за стандардни ваkцини кога нема пандемија” изјавил Гејтс.

“Доколку имаме тим од 3.000 светски експерти, тие можат да работат на работи како богињи и маларии, а потоа да преминат на пандемија”, додал тој.

Тоа потсетува на изјавата која ја даде на почетокот на овој месец, кога нагласи дека има потреба од создавање на глобални организации кои ќе овозможат прв одговор на потенцијалните епидемии на заразни болести за да се отстранат.

Обраќајќи им се на учесниците на минхенската конференција за безбедност, Гејтс исто така одговорил на прашањето за нерамномерната дистрибуција на ваkцини. Тој ја повикал меѓународната заедница да ги обезбеди земјите во развој да добијат поштен пристап на ваkцини. Неговата примедба следела три дена откако генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјавил дека 10 земји дале 75 отсто од сите ваkцини, додека 130 држави не дале ниту една доза.

Порано Гејтс изјавил дека развиените земји би можеле да се вратат во нормала до крајот на 2021 година, доколку ваkцините делуваат. Што се однесува до светот во целина, коосновачот на Мајкрософт изјавил дека светот можеби ќе биде ослободен од пандемијата во 2022. година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *