Бил Гејтс откри нови детали за она што не очекува во блиска иднина: Ќе биде многу поразлично отколку сега

Милијардрот Бил Гејтс во својот блог “GatesNotes” наведува дека е тажна реалноста што ковид-19 најверојатно не е последната пандемија со која ќе се соочи човештвото.

“Не знаеме кога и што ќе удри следно, дали тоа ќе биде грип, ковид или некоја нова болест која се уште не сме ја виделе. Но она што го знаеме е дека не можеме себе си да си дозволиме ново изненадување”, вели основачот на Мајкросфот.

Гејтс истакнува дека следната пандемија би можела да биде резултат на биотероризам, нагласувајќи дека “за да се спречи повторувањето на минатогодишните несреќи, подготвеноста на пандемијата мора да се сфати еднакво озбилно како и во.ената. опасн.ост.

Гејтс исто така предупредил на идните глобални пандемии со нов вид на во.ено. оруж.је.

Потсети дека на конференција во Минхен 2017 година, ги замолил светските лидери да замислат дека некаде во светот постои или може да постои ново оружје способно да збрише милиони луѓе, да ја сопре економијата и да ги турне нациите на колена.

“Не можеме да предвидуваме кога, но со оглед на постојаната појава на нови патогени, растечкиот ризик од био.те.ро.ризам и растечката меѓусебна поврзаност на нашиот свет постои голема шанса дека ќе се случи нова уште помодерна пандемија”, напишал Гејтс.

Гејтс исто така споменува различни видови на мерки кои владите можат да ги превземат за да се подготват за таква ситуација во иднина. Истовремено, повикува на континуирано финансирање на научните алатки кои моментално не водат низ пандемијата со ковид.

“За да се спречи следната пандемија, ќе мора да се трошат десетици милијарди долари годишно – голема инвестиција, но имајте на ум дека пандемијата со ковид-19 ќе не чини 2.800 милијарди долари”, предупредува тој.

Публикацијата исто така вели дека се очекува голем напредок во развојот на новите ваkцини во текот на наредните пет години, и дека мора да постои глобален систем за предупредување заснован на дијагностички испитувања, што денес не може да се направи во голема мера.

“Се надевам дека ќе добиеме широка поддршка за напорите кои би можеле да обезбедат да повеќе нема да мора да ги искусиме овие потешкотии. Веќе се појавуваат нови стратегии за подогтовка за идните пандемии и очекувам да ги видам во идните месеци или години. Светот не беше подготвен за пандемијата со ковид-19. Мислам дека следниот пат ќе биде поинаку”, заклучува Гејтс.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *