Бил Гејтс предвидува нова пандемија, откри и кога таа ќе се случи

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс предвидува нова пандемија на планетата.

Милијардерот снимил поткаст во кој со актерот Рашид Џонсон и главниот инфектолог во САД Ентони Фаучи разговара за пандемија на вирусот коpона и промените кои ќе ги донесе ковид-19.

Во текот на разговорот Џонс го прашал Гејтс, дали човештвото ќе преживее нова пандемија.

“Да. Ќе имаме среќа, ако тоа се случи за дваесет години” изјавил Гејтс.

Тој нагласил дека постои и сценарио по кое таа може да се појави и за три години.

“Сепак, како што нагласи основачот на Мајкрософт, следниот пат човештвото ќе биде подготвено за пандемија. По неговите зборови, до тогаш ќе се појават алгоритми, во склад со кои ќе се воведува карантин, а ќе бидат подобрени и системи за тестирање на потенцијални носители на инфекција.

“Другиот пат ќе бидеме попаметни од сега”, заклучи тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *