Бил Гејтс со нови предвидувања: Конечно го изјави она кое луѓето со нетрпение го чекаат

Светот би требало да се врати во нормала до крајот на 2022 година, благодарение на имунизацијата против ковид-19, изјавил Бил Гејтс во интервјуто за полскиот весник Газета и телевизискиот канал ТВН24.

“Ова е неверојатна тpагедија”, изјавил коосновачот на Мајкрософт за пандемијата и додал дека единствените добри вести се пристапот до брза имунизација. “До крајот на 2022 година би требало животот да се врати целосно во нормала” изјавил Гејтс.

Милијардерот кој одстапил од челната позиција во компанијата Мајкрософт во 2014 година, дал најмалку 1,75 милијарди долари преку Организацијата Бил и Мелинда Гејтс за глобален одговор на пандемијата. Тоа вклучува поддршка за некои производители на ваkцини, дијагностика и потенцијални начини на лечење.

Програмот Ковакс, со поддршка од Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалниот сојуз за имунизација, настојуваат да обезбедат две милијарди дози за сиромашните земји до крајот на 2021 година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *