Бил Гејтс со совет до Владите: Никогаш не им давајте на мажите, да го контролираат ова, тоа е работа на жените

Само 35% од луѓето во земјите со ниски приходи имаат банкарски сметки.

-Жените се од витално значење во давањето на сигурност дека финансиите, и образованието за нив, се сливаат во други делови од општеството – изјавил милијардерот и филантроп Бил Гејтс.

Како што понатаму наведе, “владите и претпријатијата кои сериозно сакаат на сите членови на општеството да им овозможат пристап до финансиски услуги, би требало да ги насочат ресурсите на жените”.

Основачот на Мајркософт на сингапурскиот “FinTech Festival” изјави дека тоа е “апсолутно важно”.

Се напоменува дека жените се обично одговорни за финансиите во своето семејство.

-Благодетите од добивањето на парите под контрола на жените, значат дека тие пари веројатно ќе се користат за исхрана и образование и работи кои тоа семејство ќе го извлечат од сиромаштија – изјавил на овогодинешната виртуелна конференција.

Гејтс се залага за подобрување на инклузивноста на глобално ниво. Финансиската инклузивност, која се однесува на овозможувањето на пристап на поголем број луѓе до финансиски услуги, останува клучен предизвик за заедниците ширум светот.

Само 35% од луѓето во земјите со ниски приходи имаат пристап до банкарска сметка. Тоа се спроедува со 58% до 73% од граѓаните во земјите со висок и низок-среден дохот и 94% во земјите со висок приход, според податоците на Светскиот економски форум.

Жените во таа смисла се прилично “изолирани”.

Пандемијата само го истакна тој недостаток, додека владите на светските земји се бореа да овозможат финансиска помош на најзагрозените.

“Знаете, важно е да запаметиме колку сме далеку од универзална финансиска инклузија”, вели американскиот милијардер.

Преку својата непрофитна организација “Bill and Melinda Gates Foundation”, Гејтс и неговата сопруга веќе неколку години соработуваат со владите и централните банки, за да се подобри финансиската инклузија во земјите во развој.

Тоа посебно ги вклучуваше воведувањето на дигитални решенија, за кои Гејтс изјавил дека можат да им помогнат на таквите земји да ги пристигнат – или можеби прескокнат – напредните земји со постоечки “наследни системи”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *