Бог не можеше да биде на секое место, па затоа ги создаде мајките

20 најубави изреки за мајките.

Таа е секогаш со тебе, го слуша секој твој збор, го исполнува секој твој каприц и тоа никогаш не се менува со текот на годините затоа што ти никогаш не престануваш да си нејзино дете.

Човек ја сака својата мајка и без да знае и размислува за тоа, бидејќи доаѓа природно како и живеењето; и само во часот на последната разделба, се забележува колку е длабок коренот на таа љубов.

Ниту една друга љубов не може да се спореди, бидејќи другите се појавуваат подоцна, додека оваа е од раѓање. Сите други ни се случајно во животот, а оваа е во нашата крв од првиот ден.

Освен тоа, тогаш не ја губиме само нашата мајка, половина од целото наше детство исчезнува со неа, затоа што таа во нашиот живот заземала исто толку место колку и самите ние.

Прочитајте ги најубавите изреки и мисли за мајката и нејзината безусловна љубов.

„Човек има само една сигурна љубов – љубовта на неговата мајка“ – Виктор Иго

„Идната судбина на детето е секогаш дело на мајката“ – Наполеон Бонапарта

„Ги сакате вашите доблести како што мајката го сака своето дете. Но, дали некогаш сте слушнале дека мајка е платена за нејзината љубов?“ – Фридрих Ниче

„Секоја љубов мора да се стекне, победи, заработи и зачува и покрај препреките. Само мајчинската љубов не е ниту стекната ниту заслужена.“ – Ерих Ауербах

„Сè што сум сега, или што се надевам дека ќе бидам, го должам на мојот ангел – мајка ми.“- Абрахам Линколн

„Окото на мајката гледа низ детето до длабочините на срцето.“ – Јохан Хајнрих Песталоци

„Јави се на мајка ти. Кажи и дека ја сакаш. Запомнете, вие сте таа личност што го чула нејзиното чукање на срцето пред да бидете на овој свет. “- Рејчел Волчин
„Само мајката е таа што и дава божествено значење на жената.“ – Таркети

Бог не можеше да биде на секое место, па затоа ги создаде мајките. – Еврејска поговорка

„Срцето на мајката е длабока бездна на чие дно секогаш ќе најдете прошка.“ – Оноре де Балзак

„Мајка ми е песна што никогаш нема да можам да ја напишам, иако сè што пишувам е посветено на мајка ми.“ – Шерон Дабијаго

„Малото девојче беше прашано каде е нејзиниот дом. „Каде што е мајка ми“, одговори таа.“ – Кит Л. Брукс

„Оној што останал без мајка изгубил чиста душа која постојано го благословувала и чувала. “- Халил Џубран

„Мајчината љубов е гориво што му овозможува на човекот да го направи она што е невозможно. “ – Марион Ц.

Кога предложија да се донесе најубавото нешто, врана го донесе своето младенче. -Чеченска поговорка

Кога мајката го храни детето таа е бескрајно дарежлива; кога децата ја хранат мајката, го бројат секој ден – Виетнамска поговорка

Ако мајката вели дека нејзиното дете е грдо, тогаш не верувајте дека тоа е неговата вистинска мајка. – Финска поговорка

Ниту едно дете не може да биде невино ако неговата мајка го прогласи за виновно. – Португалска поговорка

Добра мајка не слуша валцер додека нејзиното дете плаче. – Германска поговорка

Љубовта на мајката не старее. – Германска поговорка

Author: A S

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *