“Бремената сопруга си ја исфрлив од дома”, сите ми велат “Разведи се од неа под итно”

Досега веруваме дека вакво сценарио се случува само во шпанските серии.

Кога станува збор за љубовни односи, секој пар има некои свој план како го замислува семејството и иднината, а тоа често се однесува и на бројот на деца кои сакаат да го имаат (освен, секако, доколку не им се поткраде непланирана бременост).

И овој маж верувал дека тој и неговата сопруга се на иста бранова должина по тоа прашање. Но, неодамна открил дека жената се предомислила за бројот на деца во нивното семејство, а тоа го одлучила позади негов грб.

Во пораката која ја објавил на форумот Reddit’s Relationship Advice, анонимниот 34 годишен маж напишал дека неговата сопруга се противи на неговите желби и останала бремена со трето дете.

Се замрзнал кога го известила

Мажот објаснил дека во животот сакал да има само едно дете, но сопругата не се согласила со тоа и инсистирала да нивното дете има сестра или брат. Затоа заеднички се сложиле дека ќе имаат две деца, но не повеќе од тоа – за да им останат доволно пари за повремени патувања и заеднички излети.

Но, кога нивното второ дете, син, наполнил година дена, сопругата му признала дека отсекогаш сакала да има четири деца и дека треба да се обидат да добијат барем уште едно. Тој не се согласил со тоа, се скарале и неколку дена не разговарале. Тие се смириле, а имале и секс. Тој тогаш не бил свесен, но направиле и трето дете.

“Си дојдов дома од работа додека децата беа кај дедо и баба. Сопругата ме пречека со голема насмевка на лицето и ми го покажа позитивниот тест за бременост, танцувајќи од радост. Го забележи изразот на моето лице кој беше толку воодушевен и започна да вика на мене. Ме обвини дека не ја поддржувам, дека секое дете е Божјо чудо и дека би требало да бидам благодарен. И реков дека ми е жал, ја прегрнав и изјавив дека сум воодушевен од приновата”, раскажува овој 34 годишен маж.

Одлучил се да истражи

Кога сопругата среќната вест ја споделила и со другите, тој станал сомничав бидејќи му изгледало како таа долго време да ја планирала бременоста. Затоа одлучил да истражува малку подлабоко.

“Додека спиеше, ги зедов кондомите од фиоката и ги ставив под вода. Беа дупнати. Го зедов нејзиниот телефон и заклучив дека го заштитила со лозинка, што беше чудно. Но, бидејќи таа нема баш некоја меморија, бев сигурен дека поставила едноставна шифра ја се обидов со нејзиниот роденден”, објаснил тој, а потоа следел голем шок за него.

“Успеав да го отклучам мобилниот. Погледнав во нејзините пораки и пронајдов разговор со нејзината најдобра пријателка. Мојата сопруга и се пожалила дека никако не може да ме натера, а пријателката и сугерирала дека сето тоа може да се среди. Сопругата се согласила со тоа и рекла дека никогаш повеќе нема да зема контрацепциски пилули”, открил тој.

Ја исфрлил од домот, но…

“Веднаш ја разбудив и ја прашав дали нејзината бременост е навистина чудо. Ме погледна невино и започна да плаче”, додаде разочараниот сопруг.

Тврди дека се расправале, но дека неговата сопруга инсистирала дека бременоста е нејзин избор без оглед на тоа дали земала или не земала пилула и дека, доколку тој не сака повеќе деца, требало да замине на вазектомија. На крајот сопругот ја исфрлил од домот и таа заминала кај своите родители. Авторот на објавата на крајот тврди дека поради пандемијата сопругата се вратила дома за да не биде раздвоена од своите деца.

“Што да правам? Самото тоа што останав дома со неа за мене е доволно ужасен и не знам дали поради сето тоа треба да ја оставам. Повеќе не и верувам. Целосно ме предаде. Бесен сум, но на пат е уште едно мое дете”, заклучил тој, барајќи совет.

Сите му сугерираат – развод

Неговата објава стана вирална, а ја коментирале повеќе од 1000 луѓе.

“Тоа е големо предавство и, од моја перспектива, причина за развод. Детето е голема, емотивна, физичка и финансиска одлука, која ги вклучува двајцата партнери. Таа е себична и манипулативна”, “За мене тоа е 100% причина за развод. Лаже и манипулира користејќи ги децата. На тоа не би се враќал”, “Ова е облик на злоставување. Разговарај со адвокат, побарај психијатар. Ова не е во ред”, беа само некои од коментарите, пишува net.hr

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *