Бремена слоница починала откако и ставиле експлозиви во омилената храна

Уметниците го дигнаа гласот против убиството на слоницата која бремена со машко слонче почина откако и биле ставени петарди во омиленото овошје.

На 27 мај оваа година, во градот Керала, Индија, почина трудна слоница откако изеде ананас во кој имало подметнати експлозиви. Тие експлодирале кршејќи и ја вилицата, а потоа таа неколку часа во шок и огромни болки стоела во езерце каде и починала од обилното крварење.

Индиските уметници и јавни личности почнаа со јавни повици и објави на социјалните мрежи барајќи одговорност од владата и гаранциии дека вакво злодело веќе нема да се повтори. Највосхитувачкото дело за поддршка во акцијата на уметниците ја изработи популарниот индиски уметник Чапра кој од песок го изработи делото посветено на слоницата и нејзиното малечко.

Одговорните шумари во Керала потврдиле дека одгледувачите на овошје во овие предели многу често ставаат петарди и експлозиви внатре во производите како обид да ги избркаат дивите свињи од нивните ниви.

Локалниот шумар Мохан Кришнан ја открил повредената слоница, се обидел да ја спаси и потоа го објавил случајот на Фејсбук по што светот дозна за оваа трагедија.

Индиското министерство за заштита на природата потврди дека една личност е уапсена и обвинета за убиството на 15 годишната слоница и нејзиното неродено слонче.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *