Брзински ручек: Превкусни палачинки со шунка и сирење како од ресторан

Крцкави палачинки со парчиња шунка (или сланина) и сирење кои се топат во устата. Овој рецепт е едноставен за подготовка, а одличнот одат со младо кромидче и кисела павлака.

За подготовка и печење потребно е да издвоите 25 минути, а количината е доволна за 13 мали палачинки.

Состојки кои ви се потребни за овој рецепт се 150 грама брашно, 2 лажици прашок за пециво, едно јајце, 215 милилитри млеко, 150 грама рендан кашкавал, 225 грама сецкана шунка, младо кромидче ситно исецкани (околу 3 стебленца).

За пржење искористите 3-4 лажици сало.

За послужување можете да искористите кисела павлака или јогурт, младо лукче и шунка.

Подготовка:

Во сад помешајте брашно, прашок за пециво, сол и бибер. На смесата додадете и јајце и млеко. Мешајте додека состојките не се соединат.

Додадете го изренданото сирење, шунка и младо кромидче и сето тоа добро измешајте го.

Загрејте ја тавата која не се лепи на средно силен оган. Шунката за послужување можете да ја пропржите на кратко на малку сало, а потоа извадете ја на хартија добро да се исцеди.

На загреаната тава ставете сало и помала количина тесто распоредете ја во круг од 7 сантиметри (на поголема тава би требало да застанат 3 или 4 палачинки одеднаш).

Палачинките пржете ги 2 минути додека долната страна не добие златна поја. Свртете ги и пржете ги уште околу минута и половина.

Постапката повторувајте ја со преостанатото тесто. Послужете ги топли со кисела павлака, младо кромидче и шунка.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *