Бугарски политичар вели дека Македонија треба да се обедини со Бугарија

“Ние сме еден народ, со општо минато”.

Бугарскиот политичар Веселин Марешки излезе со став дека Македонија треба да се обедини со Бугарија.

Веселин Марешки, потпретседател на бугарското собрание и лидер на политичката партија “Волја”, коалициски партнер на премиерот на Бугарија Бојко Борисов, стана првиот бугарски функционер кој вели дека единствениот пат за Македонија е обединување со Бугарија.

„На ова безумие треба да се стави точка. Ние сме еден народ, со општо минато. Ако го отстраниме влијанието на една или друга голема држава, ако гледаме само и единствено на интересите на граѓаните, обединувањето е логичниот пат. Така ќе престанат сите шпекулации за историјата и нема да бидат пречки за иднината. А нашите браќа автоматски ќе станат европски граѓани“, вели Марешки.

Бугарската влада синоќа го утврди официјалниот став за преговарачките рамки за пристапување на Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември.

Власта во Македонија не губи надеж и смета дека во наредните денови може да се најде решение. Каков е вашиот коментар?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *