Бурниот љубовен живот: Марадона обожаваше убави жени, му родија осум деца (ФОТО)

Диего Марадона го сакаше фудбалот и топката, но поеќе од се го сакаше животот и навистина уживаше во него. Често претеруваше, но се правеше со срце. Позади себе остави осум деца со бурни романси и една голема љубов.

“Имав четири сестри и ниту една не можеше да обезбеди куќа за мајка ми. Јас себи си зацртав во глава дека морам тоа да го направам. После и купив три куќи И поради тоа сум благодарен на Бога”, раскажа Марадона своевремено.

Две години во Барселона беа доволни да заработи доволно пари да ја оствари својата цел.

Се после тоа, како да му беше помалку важно. Го оствари својот сон и исполни голема желба – ја вдоми својата мајка.

После тоа направи магија на теренот, надвор од него умееше да претера во се. Се правеше со срце, и живееше, и играше, и сакаше, па и претеруваше во она што не треба.

Марадона позади себе остави осум деца со повеќе жени, а само еднаш се женел, со најголемата љубов, Клаудија Вилафање, со која од 1984. година, бил во брак 20 години.

Со неа имал две деца, Далма и Џанина, кои единствени и веднаш ги призна после раѓањето.

Иако често зборувал за семејството, познат е и по бројни романси.

Така со Кристијана Синагро во 1986. година го доби вонбрачниот син Диего џуниор кој накнадно го призна. Наследникот се занимавал и со фудбал, далеку од тоа како неговиот татко, а врвот на кариерата му се 11 натпревари за репрезентацијата на Италија во фудбал на песок.

Понатаму, судот во Аргентина му наредил на почетокот на овој век, славното презиме да и се додели на девојчето Џени, бидејќи Диего не сакал да се тестира и да го признае татковството. Иначе, мајката на Џенина е поранешна работничка во ноќен клуб, која, наводно, била во интимна врска со еден од најголемите во историјата на фудбалот.

Тој имаше љубов и со Вероника Оједо, и тоа осум години, а со него има син Диего Фернанда.

Така многу долго се мислеше дека Марадона има пет деца – Далма, Џанина, Диего џуниор, Џена и Диего Фернанда.

Меѓутоа, неодамна призна дека уште три деца добил со различни жени на Куба од 2000. до 2004. година, додека се лечел на Куба.

За последна голема љубов на Марадона важеше Росија Олива, со која бил во врска шест години и ја запросил во 2018. година. Меѓутоа, љубовта се заврши со тужба, таа наводно го исфрлила од куќата која и ја поклонил, а сега семејството и брани да се прости во живо од Диего, за што таа низ солзи зборуваше на една аргентинска телевизија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *