Вака изгледала најубавата жена во Југославија, мажите ја сакале повеќе од Лепа Брена (ФОТО)

Бернарда Маровт е прогласена за Мис Југославија во 1983. година, како најубава жена на нашите простори. После натпреварувањето во СФРЈ, следел Мис на светот во Лондон. Меѓутоа, она што се случило на натпреварувањето можеби ја чинело титулата на најубава жена на светот.

Во загребскиот весник Старт, тогаш се објавени г.ли фотографии (чиј автор бил Љубо Комљеновиќ). Бш во тој момент кога во Англија се борела за титулата Мис на светот, сликите ги објавил и Дејли Мирор. Подоцна, Бернарда го тужела Старт за неовластено користење на приватни фотографии, но многумина сметаат дека токму овој настан, ја чинел престижната титула. Паралелно на тоа, успеала да се пласира во 15 најубави жени на светот и да ја освои наградата за Мис фотогеничност.

Бернарда денес е успешна деловна жена која има своја модна агенција и училиште за манекенки. Исто така, го оргнизира и натпреварувањето “Fotomodel Berni Models”.

“Се што сум направила и доживеала беше голем тест или искушение за мене, стекнав огромни искуства во сите подрачја. Од тоа време сакам да се потсетам токму на своите почетоци и се што подоцна ми помогна во развојот и растот. Се сеќавам на запознавањето на луѓето, патувањата, учењето јазици, над се почетната волја и енергија за се што следеше”, изјавила за Т порталот кога ги прокоментирала денешните избори за убавина:

“Некогаш натпреварувањата во убавина беа вид на спектакл, а денес сето тоа се промени. Таквите настани често не се на ниво, не се ценети како што некогаш беа. Проблемот е во тоа што фокусот се става на други работи. Денес е потребна голема сила и пари за организација и маркетинг на секој настан, така што самото изведување на сето тоа е многу тешко”.

Кога е во прашање самата мода и како таа гледа успешна жена, Бернарда вели: “Секоја жена мора да го пронајде својот стил, да ја засили својата моќ на додатоците на елеганција и добриот вкус како и да биде отворена за работа на себе, иначе тешко може да ги оствари своите цели”.

Дали за себе мисли дека е совршена: “Совршенството не постои бидејќи секој има нешто на себе што не му се допаѓа. Доволно е да се прифатите себе си онакви какви што сте, потребно е се да гледате позитивно, да одите исправено и да работите на подобрување на своите недостатоци, ако е можмно”, изјавила денес 60 годишната Словенка.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *