Вака изгледа раката на Роман Грожан после несреќата: Возачот на Формула 1 го тргна завојот (ФОТО)

Возачот на својот твитер профил објави фотографија по излегувањето од болница.

Возачот на Формула 1, Роман Грожан комплетираше вистинско чудо откако успеа да се опорави од несреќата која ја имаше во Бахреин. Тој е отпуштен од болница со завои, но во многу добра состојба.

Грожан е пуштен на домашно лекување, а вистинско чудо е како не добил поголеми повреди откако болидот се запали и преполови.

-Роман Грожан е отпуштен од болница во 10 и 30 часот во средата. Тој ќе го продолжи лекувањето надвор од болница, пред се своите раце кои имаат изгореници здобиени од несреќата во Бахреин – гласело во соопштението.

Возачот на својот твтиер профил објави слика од раката во завој.

“Ова е мојата десна рака ова утро. Среќата, кога слушнав дека не морам да носам завој и дека можам да ги користам прстите, беше неизмерна. Голема победа на патот до закрепнување – напиша Грожан.

Погледнете ја фотографијата која Роман Грожан ја објави на својот твитер рофил:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *