Вакви луѓе и требаат на Македонија: Скопјанец подарува компјутери на деца кои не можат да си ги дозволат

Со воведување на онлајн настава, првата работа која се појави како прашање кај родителите со ниски плати е како ќе обезбедат компјутери за своите деца. Како одговор на ова, скопјанецот Мики Цветанов, сервисер на електронска опрема, почна во својот дом да склопува постари компјутери кои ги подарува на деца кои не можат да си дозволат таков уред.

– Идејава дојде како производ на целата ситуација околу образованието. Родителите од ранливите групи не можат да им ги обезбедат основните потреби на своите најмили. Всушност не се во прашање само ранливите групи туку и семејствата каде во ист временски период би требало две, три или повеќе деца да следат настава. Државата наметнува задолжително образование без да се запраша од кој џеб би ги извадиле родителите средствата – вели Мики и додава дека она што го мотивира во понатамошната работа е позитивните реакции од оние на кои најмногу им е потребна оваа помош.

Вели дека знае дека ова не е многу и би да биде во можност да подарува и повеќе, но длабоко во себе знае дека и ова малку за некого е многу.

Убаво би било кога во Македонија би имало повеќе доброчинители со истиот мотив како неговиот. Да се надеваме дека ова ќе биде пример кој ќе поттикне уште многу луѓе на вакви хумани дела. Браво Мики!

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *