Вашето здравје ќе се промени: Што ќе се случи доколку со месеци јадете по неколку ореви на ден?

Оревите имаат двојно повеќе полифенол од сите останати јаткасти плодови.

Полифенолот е силен антиоксиданс кој се бори против оштетување на клетките предизвикано од разни болести.

Јаткастите плодови како што се бадемите, кикириките, ф’стаците и индиските ореви исто така се богати со незаситени масни киселини, витамини и протеини, но научниците и нутриционистите тврдат дека проблемот е во тоа што луѓето не ги консумираат доволно.

„Препораката на експертите е дека луѓето би требало да каснат само 7 ореви дневно“.

Претходните истражувања покажуваат дека оревите може да ги намалат знаците на стареење и го штитат срцето од секакви болести и неколку облици на рак.

Откако е откриено дека се потребни само 7 ореви за здраво срце, овие плодови се прогласени за суперхрана богата со многу антиоксиданси.

Покрај тоа содржат и здрави влакна, витамини, протеини и минерали кои исто така помагаат во развојот на мозочните функции.

Оревите најдобро е да ги јадете свежи, непечени, во спротивно се намалува нивната ефикасност.

Уште еден мит во кој сите веруваат, посебно жените, е дека оревите дебелеат заради мастите кои ги содржат. Меѓутоа, во оревите има здрави масти кои може да ви помогнат да ослабете затоа што подолго го одржуваат чувството на ситост.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *