Верувале или не, на успешна врска и брак најмногу влијае токму овој фактор!

Успешните парови често прашуваат за тоа поради што нивната врска толку добро функционира. Бројни причини поради кои бракот трае, од компатибилност до вложување напори.

Но едно неодамнешно истражување открило дека во вашата крв навистина може да постои нешто кое игра значајна улога во вашите врски, пишува Бест Лајф Онлајн.

Истражувањето спроведено на 18. февруари на Универзитетот во Арканзаз открило дека варијацијата на ДНК може да биде поврзана со карактеристиките кои се корисни за врската и задоволството во врската во првите години од бракот, се наведува во изјавата.

Истражувањата сугерираат дека варијацијата наречена “CC” во генот CD38 е поврзана со вашите нивоа на благодарност, задоволство, простување и посебно доверба, што се помага во формирањето на цврста основа за успешен брак.

-Поединци од “CC” чувствувале поголема благодарност за својот партнер, изјавиле дека имаат голема доверба во својот партнер, повеќе му простувале на својот партнер и биле позадоволни со своите бракови отколку поединци од AC / AA – се наведува во истражувањето.

За да ги добијат овие податоци, истражувачите собрале ДНК материјал од 142 парови. Тие парови тој ден пополниле анкета, а потоа на секои три месеци во текот на три години.

После три години, резултатите покажале дека оние со “CC” варијација пријавиле повисоко ниво на карактеристиките кои одговарале со задоволството на бракот.

Истражувачите откриле дека бенефициите траеле најмалку првите три години од бракот, но велат дека можат да се прошират подолго од првите неколку години.

Иако истражувањето укажува на потенцијална ДНК врска со задоволството во бракот, не би требало да губите надеж доколку ја немате оваа генетска предиспозиција.

Главниот автор на истражувањето и професор по психологија на Универзитетот во Арканзаз, доктор Анастасија Макханова, изјавила за Њујорк Пост дека тоа не значи да луѓето без варијации нема да имаат успешна врска.

-Не е дека луѓето кои го немаат генотипот СС се осудени на проблеми. Само што поголема е веројатноста дека ќе имаат проблеми во некои од овие работи во врската, па тие луѓе би можеле да мораат малку повеќе да поработат на тоа – објаснила таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *