Веќе се создава иднината во која ќе живееме наредната година: Овој документ сите во иднина ќе мора да го имаат

Ковид пасошот станува реалност? Станува збор за концепт кој од самите почетоци на пандемијата се споменува како решение за нормализацијата на патувањата.

Пандемијата го промени нашето секојдневие, а камоли нашите патувања. Дали некогаш воопшто сте можееле да замислите дека покрај оној стандардниот, по ново би можеле да користите и таканаречени ковид-пасоши?

Австралиската авио-компанија Квантас соопштила дека вакцинацијата против ковид 19 ќе биде задолжителна за сите нејзини патници на меѓународните летови.

Задолжителната вакцинација против ковид-19 за патувања со авионите на Квантас, ќе стапи на сила веднаш штом вакцината биде достапна за пошироката јавност, изјави извршниот директор на компанијата Ален Џоис.

Тој за австралиска телевизија изјави дека компанијата разгледаува задолжителната вакцинација да ја воведат и на домашните летови, па се поставува прашањето – дали и другите компаниии ќе го воведат истото правило, и каква иднина не чека?

Според пишувањата на американскиот весник Вашингтон пост, станува збор за концепт кој од самите почетоци на пандемијата се споменува како решение за нормализација на индустријата на патување. Концептот овие денови забрзано станува реалност.

“Ковид-пасоши”, првенствено ќе бидат наменети за меѓународни патници. Во случај на оние кои ги споменува тој весник, се работи за апликации.

Една од нив е веќе во пробна употреба, а другата во финална фаза на развој. Корисниците во таа апликација би можеле да ги вчитаат своите верифицирани резултати од тестирањата и еден ден, доказ за вакцинирање.

Апликацијата која веќе се тестира се нарекува CommonPass и се тестира од овој месец на летови на некои авиокомпании помеѓу Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонгконг (иако одредена работа по тоа прашање веќе е обработена во октомври). Програмата делува како Health апликацијата на Apple, поврзана е со 230 американски здравствени системи и функционира преку скенирање на код кој содржи податоци за корисникот – резултатите од тестирањата или потврди за вакцинација, како и планови за патувања.

Апликацијата, според моменталните реакции, и се допадна и на Star Alliance, којја веќе повика на воспоставување на глобален систем за верификација на тестирањето и вакцинирањето. Бројни авио-компании размислуваат за вакцинирањето како услов за патување во иднина.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *