Видел на станица дека една девојка ги пропушта возовите бидејќи нема маска: И ја дал резервната, па му се променил животот од корен

Не знаел дека таа постапка директно ќе влијае на неговата иднина.

Парижанинот Ришар Гелен ја доживеал многу пати на своја кожа “Магијата на градот на светлината”, но судбината никогаш не си поиграла со него на ваков начин.

Ришар стоел на станицата на метрото во центарот, кога чекајќи колега забележал дека една девојка од страна никако не влегува внатре. Притоа, константно пребарувала по торбата нервозно барајќи нешто.

Ришар после три заминувања на возови заклучил дека таа има некој проблем, па и пришол. Своето искуство го опишал на социјалната мрежа Редит.

“Беше околу 7 навечер. Колегата не доаѓаше, упаднал во некаква гужва, па дваесетина минути стоев на станица. Симпатична девојка ми го привлече вниманието бидејќи како да изгубила нешто. И пријдов и ја прашав дали и е потребна некаква помош. Ми рече дека останала без маска и дека не смее да влезе во метрото без неа бидејќи казнуваат за тоа”, напишал Ришар.

Забележал дека има убави црти на лицето. Иако му се допаднала, во старт на елиминирал можноста за некое познанство бидејќи не бил таков тип.

“Никогаш и немав пријдено на непозната девојка, но на оваа сакав да и помогнам. Во ранецот имав пакување од 10 маски и извадив една. Се воодушеви. Тогаш колегата ми напиша дека нема да стигне заедно да се враќаме дома, па со неа влегов во метро. Се испостави дека се симнуваме на иста станица. Во текот на дваесетминутното возење, толку многу се најдовме во разговорот да на крај дури и разменивме телефони. После два дена повторно се сретнавме во центарот на истата станица, овој пат намерно. Сето тоа се случуваше во април минатата година. Таа сега е бремена и планираме венчавка”, напишал Ришар.

Неговата приказна наишла на прекрасни коментари посебно од романтичните души на Редит кои приказната ја прочитале во еден здив.

“Убаво велам, судбината псотои”, “Сродната душа е често покрај нас, но ние не ја забележуваме и дозволуваме да замине”, беа само некои од коментарите под неговиот пост на социјалната мрежа Редит.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *