Видовитиот Никола го предвидел вирусот, сега открива до кога ќе трае сето ова и што не чека во 2021

Тврди дека пандемијата ја предвидел пред две години, како и дека имал визија дека Трамп ќе изгуби на изборите во САД.

Младиот видовњак Никола Аујула (35) од Лондон, тврди дека ја предвидел пандемијата речиси две години пред првиот случај, откри и што не чека следната година.

Никола, кој тврди дека го предвидел поразот на Доналд Трамп на американските избори, во 2018 година изјавил дека катастрофа од грип ќе завладее со светот, со што како што тврди ја предвидел сегашната пандемија.

-Имам визии и дека сето ова ќе се среди после Нова година, а стапката на зараза ќе се спушти до точка кога ќе биде под контрола до пролет. Меѓутоа, предвидувам дека паниката и рестрикциите поради вирусот ќе продолжат до 2022 – изјави тој.

Како што објаснил, во 2018 година, постојано во мислите му доаѓал зборот “инфлуенца”.

-Ја видов како глобална катастрофа, поврзана со месо или сточарство. Пандемијата со Ковид ја споредивме со избивањето на шпанската грозница, а некои луѓе мислат дека настанал на пазар за диви животни во Кина – објаснил тој.

Никола верува дека во минатите животи бил египетска кралица и лав, пишува Мирор.

Тој изјави дека за прв пат станал свесен за својот предвидувачки талент додека бил дете, но и дека првото искуство го доживеал на 17 години.

-Имав илјадници изминати животи, бев египетска кралица, собарка, учител во Француската револуција, елен, лав, но и живеев во друга галаксија – тврди Никола.

Што уште има предвидено?

Тој тврди дека го предвидел и поразот на Доналд Трамп, а дека визијата која ја имал во 2019 година за глоблните протести е делумно поврзана со движењето “Црните животи се важни”.

-Постојат и други движења ширум светот, како што се тие во Франција и Нигерија – истакнал тој.

Никола вели дека пред 2020. година видел болница во пламен, а дека сега мисли дека тоа претставува начинот на кој здравствените служби ширум светот се донесени до работ поради пренатрупаноста од пандемијата.

-Имав визија и за Трета СВ, но тоа можеби значи борба против вирусот – додаде тој.

Што ќе се случи во 2021 година?

Никола споделил и своја визија за 2021. година – вели дека протести ширум светот ќе продолжат уште две или три години.

Исто така предвидува и масовно движење на луѓе.

-Гледам дека луѓето се селат некаде поради подобар живот, скоро како масовен егз одус и не мислам на неколку стотици, туку на илјадници – изјавил тој.

Тој поделил и некои не толку светли визии.

-На еден од машките светски лидери ќе биде извршен атен тат. Не можев да видам јас кој е тој, но чувствував дека ќе го потресе целиот свет. Се надевам дека тоа нема да се оствари – додаде тој.

Тој исто така видел дека некои светски самит ќе го погоди скандал и предвидува успон на политиката на крајната десница, посебно во јужна Европа, Блискиот Исток и Африка, како и ерупција на вулкан кој ќе доведе до големи временски промени.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *