Виетнам со 97 милиони луѓе, нема жртви од коpонавирус: Светот треба да учи од оваа држава

Виетнам почна да се подготвува за коронавирусот уште кога СЗО тврдеше дека не се пренесува од човек на човек.

Кога се зборува за успешни примери на справување со пандемијата на далечниот исток, обично се мисли на Јужна Кореја, Хонг Конг или Тајван. Но Виетнам навистина е еден импресивен пример за тивок херој во оваа глобална битка.

Имаат население од 97 милиони луѓе, само 328 регистрирани случаи на ковид-19 и ниеден починат иако со Кина делат граница долга околу 1.400 километри и примаат милиони посетители од таму секоја година.

Ако за ваквите ниски бројки некој помисли дека се лага, постојат независни извори, лекари и западни експерти кои работат таму и кои потврдуваат дека земјата навистина ја има зауздано заразата.

Луѓето имаат ниски до средни приходи, а земјата има 8 доктори на 10.000 жители. Јужна Кореја, која има многу повеќе заразени е далеку побогата земја и има три пати повеќе доктори на располагање што докажува дека парите и големиот број на медицински лица сепак не се најважни во борбата со КОВИД 19. Високата свесност на луѓето во Виетнам со каква опасност се сретнуваат е исто така една од главните причини за успехот на оваа земја во справувањето со пандемијата.

По тринеделна вонредна состојба, Виетнам во април ги дигна рестрикциите, школите и бизнисот работат, а 40 дена не е забележан нов кластер во земјата.

Ваквиот епилог се должи на неколку фактори, меѓу кои раниот старт. Земјата почна да се подготвува за коронаривусот со недели пред да биде забележан првиот случај, во време кога и Кина и Светската здравствена организација тврдеа дека не постојат случаи на пренесување од човек на човек. Рано во јануари властите мереа температури на аеродроми и гранични премини, изолираа болни и стриктно ги мониторираа. По првиот случај кој им дојде од Вухан, итно беа забранети летови од таа дестинација а три дека пред СЗО да го ескалира степенот на опасност, на вонреден конгрес на владечката комунистичка партија беше објавена војна против вирусот.

Една од најимпресивните особености на нивниот систем е способноста да ги следат и мониторираат контактите на болните и потенцијалните носители на вирусот. Имаат 63 регионални центри за заразни болести, преку 600 општински центри и над 11.000 локални одделенија за истата намена. Виетнам е уникатна земја која успеваше да изолира и тестира не само непосредни контакти на носителите на вирус туку и да оди неколку чекори подалеку.

Кога во најголемата болница во Ханои беше детектиран кластер од дузина случаи, освен што таа веднаш беше затворена, надлежните служби успеаја од вработените, пациентите и посетителите на болницата да лоцираат неверојатни 100.000 луѓе кои се потенцијална опасност за ширење на заразата. И сите биле ставени во домашна изолација со блиско следење на развојот на нивната ситуација.

Браво за Виетнам!

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *