Ви откриваме зошто кучињата некои луѓе ги обожаваат, додека некои луѓе често ги мразат

Сигурно некогаш сте се запрашале зошто кучињата некои луѓе ги сакаат, додека пак некои ги мразат. Исто така сте слушнале и дека ги сакаат добрите луѓе. Меѓутоа, има ли тука вистина или одговорот на ова прашање е далеку поопширен?

Нашиот изглед, глас, како и начинот на кој се однесуваме кон оние со кои сме во контакт, се некои од факторите кои прават разлика.

Еве некои работи кои влијаат на тоа како нашето куче ќе не доживее:

Лице

Тогаш кога кучето ќе сретне некоја нова личност покрај која ќе помине повеќе време, тоа го анализира лицето за да препознае одредени емоции. Тие посветуваат повеќе внимание на левата страна на лицето, како да се свесни дека емоциите можат подобро да се видат на оваа страна.

За оние кои не знаат, навистина на левата страна на лицето подобро се изразуваат емоциите, поради тоа што десната страна на човечкиот мозок ги контролира мускулите на левата страна на лицето, така што емоциите можат подобро да се видат на оваа страна.

Начинот на кој луѓето се однесуваат кон нив

Најдобриот пријател на човекот е многу внимателен кога се однесува на ова. Така да, доколку сакате да предвидите дали ќе му се допаднете на некое куче или не, треба да знаете дека тоа ќе зависи од тоа како вие ќе се однесувате кон него, но и кон неговиот сопственик.

Едно истражување кое го спровеле Јапонци покажало дека кучето одбило да зема храна од луѓе кои претходно одбиле да му помогнат на неговиот сопственик.

Учесниците во истражувањето кои овозможиле помош за сопственикот, подоцна успеале да го нахранат кучето и да му се приближат за да го галат.

Начинот на кој сопственикот се однесува кон вас

Неколку истражувања поакажле дека кучето ги проценува луѓето на основа на тоа како неговиот сопственик се однесува кон кучето. Тоа значи дека, доколку му се допаѓате на сопственикот, дефинитивно ќе му се допаѓате и на кучето.

Говор на телото

Кучињата се во состојба да го проценат говорот на телото многу подобро отколку луѓето. Доколку вие генерално и не обожавате кучиња, големи се шансите дека тие ќе го воочат ова, па нив нема баш многу да им се допаднете.

Од друга страна, доколку сакате кучиња, слободно однесувајте се природно. Тие ќе го почувствуваат тоа и ќе ви возвратат на ист начин.

Вашиот тон

Можеби ќе успеете да му се приближите на куче доколку се однесувате убаво кон него и неговиот сопственик, но постојат уште неколку фактори кои влијаат на тоа дали кучето ќе ве сака или не. Еден од тие фактори е и вашиот глас.

Кучињата подобро од луѓето умеат да ги сфатат нечиј намери на основа на тонот, така што дефинитивно не можете да ги изманпилурате толку лесно.

Мирисот е важен фактор

Истражувачите и научниците кои се занимаваат со оваа тема, откриле дека кај кучињата се активира оној дел од мозокот задолжен за позитивни емоции, тогаш кога ќе почувствуаат мирис на некој кој го познаваат.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *