Владимир Путин ги сподели вестите кои сите ги очекуваа за Украина: Ова е неговиот следен потег

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја исклучи денеска можноста за воjнa со Украина, која неколку дена е загрижена поради засилените руски сили на нејзината граница.

“Секако, никој не сака да тргне по патот на воjнaтa и никој не ја прифаќа можноста за такво нешто. Никој не ја прифаќа можноста ниту за можна граѓанска воjнa во Украина” изјавил Песков за руската телевизија Росија 1.

Руските власти сметаат дека ситуацијата на истокот на Украина помеѓу тамошните сили на безбедноста и проруските побуненици наликува на граѓанска воjнa, додека Киев и Западот тврдат дека е очигледна поддршката на Русија на сепаратистите во Украина. Москва ова во неколку пати строго го демантираше.

Последниве денови расте загриженоста поради зајакнувањето на руските сили на границата со Украина.

Кремљ не ја демантираше таа информација но уверува дека собирањето на руски сили не претставува заkана, додека Киев ова го смета за пpовоkација насочена кон влошената состојба во источна Украина.

“Русија ги вложува сите можни напори да го реши тој спор” изјавил Песков.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *