Внимавајте, доколку го правите ова за претстојните новогодишни празници, следат казни од 200 до 500 евра

Употребата на петарди и други пиротехнички средства е казниво дело и глобата за овој прекршок ќе ги чини граѓаните за време на претсојните новогодишни празници од 200 до 500 евра во денарска противредност, предупредуваат од СВР Тетово.

Продавањето, купувањето или активирањето на петарди на јавни места, улица, дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок според член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

-Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира подалеку од ваквите опасни „играчки”, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по здравјето, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото, а можат да повредат и други лица, потенцира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, пишува 24инфо.мк

Исто така, активирањето на ваквите играчки, нанесува сериозна штета на околината во која живееме, а се исклучиво штетни и за домашните миленичиња за кои претставува сериозна опасност по нивното здравје.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *