Внимавајте што допирате: Ова е највалканата работа во супер маркетите

Едно од местата со најмногу бактерии во големи продавници, за кое експертите се согласуваат дека би требало да го избегнувате, ве чека на самиот влез. Станува збор за корпите за пазарување.

Поточно, рачките на корпите можат да бидат највалканата работа која ќе а допрете при купувањето на намирниците кои ви се потребни. И за разлика од други често допирани работи, како платежните картици, купувачите корпите не ги допираат само на кратко, туку ги држат во текот на целото свое купување, кое дефинитивно може навистина да потрае.

Исто така, за разлика од останатите подрачја кои луѓето често ги допираат, многу е мала веројатноста дека рачките на корпите во продавницата редовно ќе се чистат, а дури и кога се дезинфицирани, тешко е темелно да се направи тоа.

“Речиси е невозможно да ги избришете сите површини кои луѓето би можеле да ги допрат”, вели Лијен Постон, советничка а Invigor Medical: “Корпите се редат, а потоа користат. Дури и доколку се темелно исчистени, би можеле да бидат контаминирани во текот на поместувањето. Исто така, за разлика од количките за купување, навистина е тешко да ја држите корпата подалеку од личните предмети и облека”.

“Подобро е да користите количка бидејќи тешко може да ја допре вашата облека, а пред употреба можете едноставно да ја дезинфицирате рачката” смета Рашми Бајакоди, велнес експерт во Best for Nutrition.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *