Внимателно: Овие намирници испуштаат отpов кога ќе се подгрејат во рерна

Многу често се случува да ви остане малку од вчерашниот ручек или вечера, а бидејќи родителите отсекогаш не учеле да не фрламе храна, тие оброци ни остануваат за утре. Сепак, треба да знаете дека не смеете сите намирници да ги чувате во фрижидер и подоцна да ги подгревате, бидејќи можат да станат токсични.

Следните 7 намирници ниту по било која цена не треба да се подгреваат!

Ориз

Подгреаниот ориз лесно може да ве затруе. Доколку го чувате на собна температура, во него многу брзо можат да се развијат отровни бактерии. За да избегнете повраќање или дијареја, варениот ориз чувајте го во фрижидер во затворен сад. Ваков, безбеден е за употреба доколку веднаш го подгреете и изедете.

Компир

Доколку варениот компир го чувате на собна температура, тој брзо ќе развие бактерии кои можат да доведат до труење со храна. Најдобро би било веќе подготвениот компир да го чувате во фрижидер.

Кога навистина ќе сакате да го изедете, можете да го подгреете во микробранова или на рингла.

Лук, целер и цвекло

Овие намирници многу често можете да ги најдете во супи и чорби. Сепак, доколку ги подгревате, можат да отпуштат отровни бактерии. Причината за грижа се нитратите кои се наоѓаат во овие намирници.

Посебно се опасни доколку ги подгревате повеќе пати, така што најдобро би било да ја загреете само онаа количина која сигурно ќе ја изедете.

Јајца

Без разлика дали се готвени, пржени или печени, јајцата никако не би смееле да ги подгревате. Бидејќи се богати со протеини, подгревањето може да ја измени нивната структура и да предизвика проблеми со дигестивниот тракт.

Пилешко

Баш како и јајцата, и пилешкото е многу богато со протеини. Доколку подгревате, може да се случи да добивате болки во стомакот, дијареја или да предизвика повраќање.

Ако навистина сакате да ги изедете остатоците, добро проварете, односно, поддгреете ја доволно долго да и внатрешноста биде топла. Сепак, можеби би било побезбедно да ја изедете ладна во салата или сендвич.

Масло и маснотии

Многу масла оксидираат многу брзо, како што маслото од лешници, ореви, маслото од грозје и авокадо. Доколку ги искористите повторно за готвење или пржење, ќе создадат опасни транс масти.

Поточно, најдобро би било да било кој вид нас маснотии не ги користите повеќе пати, туку да ги врлите веднаш после употребата.

Печурки

Протеините во печурките ја менуваат својата структура кога повторно ќе се загреат и можат да станат многу опасни. Исто така, не е препорачливо ниту чување на печурки на собна температура, бидејќи можат да испуштат токсини доколку ги чувате на суво и ладно место, како што е препорачано.

Најдобро би било печурките да ги конзумирате веднаш после подготвување и да не ги чувате подолго од еден ден во фрижидер.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *