Внукот на Тито ја расветли мистеријата за Тито: “Ми призна дека ова била најголемата грешка која ја направил”

Јосип Јошка Броз, внук на Јосип Броз Тито, во едно гостување на телевизија минатата година открил што дедо му признал како своја најголема грешка, но и некои други детали.

Тој открил дека Тито после една операција го прашал која му е најголемата грешка.

-Тоа што го пуштив Уставот од 1974. година. Не потпишав, а десет дена беше кај мене на маса – рече Јошка и додаде: Тоа беше и почетокот на распадот на Југославија, Партијата, Републиката и се останато.

На прашањето зошто не ставил вето, Јошка одговорил дека Тито не смеел да дозволи да биде надгласан во Собранието.

-Можев да ставам вето, грешка е што не ставив – откри Јошка Броз, и сподели каков бил односот на Јованка и Тито.

Рекол дека таа неверојатно многу го сакала, но и дека таа љубов во еден момент преминала во параноја. За приказните дека таа била желна за власт вели дека се лага.

-Сакаше да го заштити и во таа своја желба претеруваше во многу работи – вели Јошка, кој додал и дека Тито не сакал Јованка да се меша во политика.

Тој ги отфрлил и шпекулациите дека Тито починал ден порано, а не на 4. мај.

-Дедо почина тоа утро, 4. мај. На трети мај вечерта му проработија очните капаци, започнаа да се поместуваат – вели Јошка и открива дека докторот рекол дека тоа биле последните знаци.

-Утрината дојдов, го бакнав, седнав во авион, се вратив во Белград. И сега мене некој ми зборува дека сум бакнал мр тов човек. Немој сега некој да ми зборува некој глупости, вели тој.

-Тито е ставен во метален сандак, кој потоа е заварен. А потоа оној началник на некогашната ДБ, зборува дека таму е ставен песок, дека народот е измамен. Второ, не се одвојував од тој ковчег до погребот. Во два часот ноќта дојде дигалка и стави карпа од девет тона и јас дури тогаш заинав дома – открил внукот на Тито.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *