Возач бил фатен со 5,5 промили алкохол, докторите објаснија како воопшто останал жив

Сообраќајната полиција од Краљево прекусиноќа сопрела возач, кој како што покажал алко-тестот, во крвта имал неверојатни 5,5 промили алкохол. Како воопшто е можно да некој остане жив со толку алкохол во крвта, а камоли да управува со возило и да разговара со полицајци?

Овој жител на Краљево имал 55 години и со толкава количина на алкохол во себе, комуницирал со полицајците. Им признал дека цела ноќ пиел алкохол и потоа тргнал дома.

Полицијата го однела пијаниот возач во полициска станица на трезнење, а против него ќе биде поднесена прекршочна и кривична пријава.

-Факт е дека се повеќе луѓе доаѓаат со се поголем број промили на алкохол во крвта. Она што може да се пронајде во литературата е дека токсичната граница е некаде околу 4.5 промили алкохол во крвта, објаснила за Блиц токсикологот на Центарот за судска медицина и токсикологија на Клиничкиот центар Кргаујевац, докторката Татјана Живковиќ која додава дека сепак тоа е индивидуално и зависи од многу фактори.

На прашање колку алкохол може да испие личност пред да има фа.тални ефекти, таа одговорила 3,5 или повеќе промили во крвта, но двајцата соговорници одговараат дека и тоа зависи од толеранцијата.

Психијатрот Ивица Младеновиќ вели дека кога некој има толку промили, обично пие цела гајба пиво или литар жесток пијалок.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *