Воодушевува со природна убавина. Ана Ивановиќ позира без грам шминка (ФОТО)

Ана Ивановиќ отсекогаш важела за една од најубавите спортистки на планетава. Нејзината природна убавина и скромност, заедно со неверојатниот талент, отсекогаш биле нејзини адути и на тенискиот терен и надвор од него.

Не е чест случај да познатите дами јавно објавуваат фотографии без грам шминка, меѓутоа Ивановиќ ги покажа сите страни на својот природен изглед.

Без шминка или филтер, некогашната српска тенисерка се фотографирала опкружена со природна идила и фотографијата ја објави на социјалните мрежи.

Со огромна насмевка и црвена капа на главата, и шолја кафе во раката, Ана покажала совршен начин како да го започнете денот и воодушеви илјадници обожаватели.

Во коментарите доби куп комплименти за својот изглед, а еден следач и порача дека неговиот совршен почеток на денот, бил погледот на нејзиното прекрасно лице.

Погледнете ја фотографијата во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *